ОБУКА ЗА ВЕБ РАЗВОЈ

Balkan Economic Forum во соработка со веб академијата Еверест и со финансиска поддршка на Steiermärkische Sparkasse го објавува следниов

ПОВИК ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ СТРУЧНИ СТУДИИ ВО ОБЛАСТ НА ВЕБ РАЗВОЈ:

FRONT-END ДЕВЕЛОПЕР

Опис
Целта на стручните студии кои се предмет на овој јавен повик е да ги оспособи избраните кандидати за позицијата Front-end девелопер. По успешното завршување на студиите, на кандидатите ќе им биде понудена помош за наоѓање работа.

Настава
Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка на ментори. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење видео лекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн консултации со ментор.

Кофинансирање
Предмет на овој проект се стручни студии Front-end девелопер кои ќе се реализираат во соработка со веб академијата Еверест. Вкупната вредност на овие студии е 68.902 ден а одбраните кандидати ќе добијат покривање на 80% од овој износ односно 55.122 ден. Остатокот, односно 20% од вкупниот износ или 13.780 ден е на терет на одбраните кандидати.

Број на кандидати
Со овој проект обезбедени средства за кофинансирање на вкупно 2 (два) учесника.

Кој може да учествува
Обуката им е наменета пред сѐ на невработени лица, вклучувајќи и студенти, при што приоритет ќе имаат деца без родители, деца на самохрани родители и лица со посебни потреби.

Услов за учество
На овој повик може да се пријави било кое лице од горенаведените групи, но, за да им бидат покриени трошоците за школување, треба да ги исполнат секој од овие услови:

  • Да имаат цврста намера да се вработат веднаш по завршувањето на обуката,
  • Да партиципираат со 20% сопствени средства од вкупната вредност на обуката,
  • Да се согласни, по засновањето редовен работен однос, да го вратат назад износот кој го добиле како помош за школување,
  • Да го постават учењето како свој врвен приоритет, така што за него ќе посветат најмалку 8 часа дневно, односно најмалку 40 часа неделно, во период од 6 до 8 месеци.

Начин на селекција
Изборот на кандидати на кои ќе им се кофинансираат студиите ќе се врши по пат на натпревар на кој може да се пријави секој што ги задоволува потребните услови. На тој натпревар, пријавените кандидати треба да се обидат успешно да ги завршат првите 4 курса од предвидената студиска програма. Првите два кандидата кои ќе успеат во тоа, ќе го стекнат правото за кофинансирање на целокупната студиска програма.

Рок на пријавување
Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 21 јули 2019

Инфо сесија
Сите уредно пријавени кандидати ќе добијат линк за следење инфо сесија на која што ќе можат да добијат детелни информации за проектот, како и одговори на нивните прашања.

Пријавување
За да се пријавите, кликнете на овој линк.