Стручни студии за веб развој

Balkan Economic Forum, во соработка со веб академијата Еверест и со поддршка на проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк), го објавува следниов

ПОВИК ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ СТРУЧНИ СТУДИИ ВО ОБЛАСТ НА ВЕБ РАЗВОЈ: FRONT-END ДЕВЕЛОПЕР

Опис
Целта на стручните студии кои се предмет на овој јавен повик е да ги оспособи избраните кандидати за позицијата Front-end девелопер. По успешното завршување на студиите, на сите кандидатите ќе им биде понудена помош за наоѓање работа а за првите 4 студенти веќе е обезбедено вработување во партнерски организации.

Настава
Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка на ментори. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење видео лекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн консултации со ментор.

Кофинансирање
Предмет на овој проект се стручни студии Front-end девелопер кои ќе се реализираат во соработка со веб академијата Еверест. Вкупната вредност на овие студии е 68.902 ден а одбраните кандидати ќе добијат покривање на 80% од овој износ односно 55.122 ден. Остатокот, односно 20% од вкупниот износ или 13.780 ден е на товар на одбраните кандидати.

Број на кандидати
Со овој проект обезбедени средства за кофинансирање на вкупно 11 (единаесет) учесници.

Кој може да учествува
Обуката им е наменета пред сѐ на невработени лица, вклучувајќи и студенти, маргинализирани лица, деца без родители, деца на самохрани родители и лица со посебни потреби.

Услов за учество
На овој повик може да се пријави било кое лице од горенаведените групи, но, за да им бидат покриени трошоците за школување, треба да ги исполнат секој од овие услови:

  • Да имаат цврста намера да се вработат веднаш по завршувањето на обуката,
  • Да партиципираат со 20% сопствени средства од вкупната вредност на обуката,
  • Да се согласни, по засновањето редовен работен однос, да го вратат назад износот кој го добиле како помош за школување,
  • Да го постават учењето како свој врвен приоритет, така што за него ќе посветат најмалку 8 часа дневно, односно најмалку 40 часа неделно, во период од 6 до 8 месеци.

Рок на пријавување
Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 7 февруари 2020

Инфо сесија
Сите уредно пријавени кандидати ќе добијат линк за следење инфо сесија на која што ќе можат да добијат детелни информации за проектот, како и одговори на нивните прашања.

Пријавување
За да се пријавите, кликнете на овој линк.

ВАЖНО: По пријавувањето автоматски ќе ви биде испратен email со детални информации кои прво внимателно треба да ги проучите, да составите ваш список со прашања а потоа и да закажете термин за телефонско интервју. Ако користите gmail, yahoo или сличен сервис за е-пошта, можно е пораката да ви залута во спам сандачето. Затоа, ако не ја гледате пораката во вашиот inbox, проверете го и спам сандачето.