
Здружението за регионален развој, Балкан Економик Форум (БЕФ) започна со имплементација на Проектот „Чисти и здрави“. Реализацијата на овој проект се остварува благодарение на Цивика Мобилитас, кои во рамки на повикот за акциски грант ја дадоа довербата токму на БЕФ и реализацијата на проект од еколошко значење.
Главна цел на овој проект е развивање на свеста за чиста животна средина кај најмладата популација преку градење на вредносен систем за формирање на идни еко-свесни генерации. Акциите се насочени кон едукација на најмладата и најранлива категорија од општина Чаир – децата од предучилишна возраст за животната средина, навиките за чиста околина како и развивање на свест за еколошки одговорно однесување.
Проектот ќе се реализира во период од Јуни 2019 – Мај 2020 година. Во овој период БЕФ ќе ги реализира следниве активности:
- Изработка на 3 илустрирани сликовници за чиста животна средина адаптирани и за деца со посебни потреби;
- Продукција на анимиран видео клип за животната средина на тема: Што е животна средина и како да ја одржиме чиста со превод на знаковен јазик;
- Развој на мобилна апликација (игра) за поттикнување на свест и грижа кон животната средина, соодветно прилагодена за целната група;
- Посета на сите градинки во општина Чаир, презентација на сликовниците и објаснување на важноста за грижа кон животната средина преку пристап соодветен за целната група, информирање за апликацијата која може да ја играат заедно со родителите и
- Завршен настан, заедничка еко-свесна приредба организирана во соработка со Општина Чаир и градинките од општината.
Проектот е поддржан од програмата Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
Интервју со Сашо Ќосев, директор на Balkan Economic Forum
Проектот е кофинансиран од ПАКОМАК.